Белата чорба со пилешко месо е вкусно и хранливо јадење кое лесно се подготвува. Кремаста и миризлива, таа е совршен избор за семејна вечера која ќе ги освои сите на трпезата.
Состојки:
- 500 г пилешко месо (најдобро бело месо или батак)
- 1 поголем компир
- 2 моркови
- 1 магдонос (корен и листови)
- 1 помал целер (корен)
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 л вода
- 1 л пилешка супа (може и коцка растворена во вода)
- 200 мл кисела павлака
- 2 лажици брашно
- 1 жолчка
- 2–3 лажици масло или путер
- Сол и бибер по вкус
- Ловоров лист (по желба)
- Сок од еден лимон
Подготовка:
• Пилешкото месо измијте го, исечете го на помали парчиња и ставете го во тенџере со вода. Варете додека не омекне. Кога ќе биде сварено, извадете го месото и зачувајте ја водата во која се варело.
• Компирот, морковите, магдоносот и целерот излупете ги и исечкајте ги на ситни коцки.
• Кромидот ситно исечкајте го.
• Во друго тенџере загрејте масло или путер и додајте го исечканиот кромид. Пржете додека не стане стаклест. Додајте го брашното и пржете со постојано мешање додека не добие светлокафеава боја.
• Полека додавајте ја водата во која се варело месото и пилешката супа, постојано мешајќи за да не се создадат грутки. Додајте го исечканото зеленчук и свареното пилешко месо. Варете додека зеленчукот не омекне.
• Во сад измешајте ја киселата павлака, жолчката и сокот од лимон. Добро промешајте.
• Додајте неколку лажици од жешката чорба во смесата со павлаката (за да се израмни температурата), а потоа внимателно додајте ја смесата во чорбата.
• Зачинете со сол, бибер и ловоров лист по вкус. Варете уште 5–10 минути со повремено мешање.
• Чорбата посипете ја со ситно сечкан магдонос и послужете ја топла.
Пријатно!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата