logo
logo
logo

Препорака кога и е време: ЦЕЗАР САЛАТА, РЕЦЕПТ ЗА ПРОЛЕТ

Vecer | 06.03.2021

Препорака кога и е време: ЦЕЗАР САЛАТА, РЕЦЕПТ ЗА ПРОЛЕТ

Состојки на рецептот за Цезар салата со пилешко:

8 лисја зелена салата

Две црвени пиперки

1/2 пилешки гради

Двопек (4 парчиња леб)

Прелив за Цезар салата

6 лажици маслиново масло

Лажица бел оцет (и/или сок од лимон)

2 лажици сенф

2 чешниња лук

жолчка од јајце

8 лажици рендан пармезан (или сирење)

1/2 лажиче сос од Ворчестер

Како да го подготвите рецептот:

Традиционално, Цезар салатата се прави без пилешко, но така било некпгаш, последниве децении пипечкото емсо е - обавезно.

Главната состојка е сосот за Цезар салата, затоа мора да му посветиме целосно внимание. Во сад ставете мелен лук, жолчка од јајце, маслиново масло, сенф, оцет, сос од Ворчестер и три лажици пармезан. Измешајте многу добро додека не добиеме сос што го чуваме во фрижидер додека ги подготвуваме останатите компоненти на Цезар салатата.

Пармезанот може да се замени со сирење што е можно посуво, ставете обичен сенф, ако можете да најдете најдобар е зрнестиот сенф од Дижон.

Исечете ги пилешките гради на тенки парчиња како за шницли и зачинете ги со сол и црн пипер. Потоа ги ставаме пилешките парчиња на врела плотна или тавче, оставаме убаво да заруменат од двете страни и потоа исечете ги на ленти.

Можете да исечете на мали парчиња по една црвена пиперка за секоја порција и тоа да го сложите над листовите зелена салата, а под преливот и нареданото сирење.

Измијте ги лисјата од зелена салата, избришете ги со чиста крпа или салфетка и рачно скршете ги. На крај, истурете го сосот од салата Цезар над зелената салата, додадете пилешки парчиња, сецкан двопек во мали коцки и пет лажици рендано сирење пармезан.

Идеално е малите парчиња двопек да се полеат со маслиново масло. Од горенаведените состојки ќе добиеме две дарежливи порции Цезар салата со пилешко.

Има ли нешто подобро за вкус во деновите пред пролетта?

На пролет најлесно е да се храните здраво. Во овој период има изобилство од свежо овошје и зеленчук, па со минимален напор ќе добиете вкусен и здрав оброк. Еве неколку работи кои треба да и знаете.

Превенција

Свежото овошје и зеленчук се навистина здрави делумно поради тоа што во себе содржат фитохемикалии, или корисни супстанци како што се бетакаротинот, фолната киселина и ликопенот кои помагаат во превенцијата од рак.

Едно јаболко на ден

Има вистина во старата изрека која вели “Едно јаболко на ден и здрав си како дрен“. Во овој период од годината само заменете го со јагоди или артичоки.

Покрај губењето на вишокот килограми, исхраната богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот од мозочен или срцев удар, ви помага во намалувањето на крвниот притисок и ве чува од очни болести.

Богати и тенки

Аспарагусот и артичоката се често поврзани со богати, луксузни менија, а дополнително тие се и многу хранливи: тие се одличен извор на влакна, и содржат многу витамини како Ц и Д и фолна киселина.

Согласно експертите аспарагусот има особено хранливи својства, богат е со антиоксиданси како и со витамини К и Б.

Избирајте свежо овошје

Свежината на овошјето и зеленчукот е многу важна како за неговиот вкус така и за неговиот квалитет. Затоа, купувајте на пазарите директно од оние продавачи кои и самите се одгледувачи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk