logo
logo
logo

ПРАЗНА ПИТА: Вкусен посен оброк

Vecer | 10.12.2021

ПРАЗНА ПИТА: Вкусен посен оброк

Не е секогаш лесно да се биде креативен кога е во прашање готвењето, а тоа е особено предизвик за време на постот. Но, секогаш постои добар начин да го освежите вашето дневно мени со ново јадење. Затоа ви носиме рецепт за празна пита која ќе биде вкусен новитет на вашата трпеза.

Потребни состојки:

  • 250 г кори за пита
  • 1 чаша пченкарно рашно
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 дл масло
  • 2 дл кисела вода
  • *чаша е 250 мл

Начин на приготвување: Во подлабок сад истурете го пченкарно брашно, прашокот за печиво, солта, маслото и киселата вода, измешајте да добиете смеса налик на палачинка. Одделете три кори, па секоја кора премачкајте ја со една лажица од смесата и свиткајте. Повторете ја постапката додека не се потроши целиот материјал. Питата наредете ја во намрсено тавче и одозгора посипете со кисела вода. Загрејте ја рерната на 200 степени и печете ја питата убаво да порумени. Послужете ја топла.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk