logo
logo
logo

ПИРЕ ОД КАРФИОЛ

Vecer | 16.05.2022

ПИРЕ ОД КАРФИОЛ

Потребни состојки:

  • 1 главица карфиол,
  • 1 главица кромид,
  • 4 чешниња лук,
  • 1 чаша пилешка супа,
  • 30 г путер,
  • сол

Начин на приготвување: Во поголемо тенџере растопете го путерот на средна температура. Додадете ги сечканиот лук и кромид и пропржете со постојано мешање додека не се застаклат. Намалете ја температурата по потреба за да не потемни кромидот. Додадете го исечканиот и исчистен карфиол и пилешката супа. Покријте, нека се динста, варете со прилагодување на температурата, додека карфиолот целосно не омекне - околу 15 минути. Отстранете го капакот и оставете да врие додека течноста не испари. Потоа карфиолот ставете го во блендер или измешајте го убаво со миксер за да добиете мазна текстура.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk