Нема кој не сака пица, а ако често ви останува леб, не го фрлајте, користете го наместо подлога (тесто). Појадок или вечера ќе добиете едноставно и брзо, а и нема да фрлате храна. Со ова јадење особено ќе се воодушеват домашните.
Потребни состојки:
- 12 парчиња бајат(сув) леб
- 200 г кашкавал
- 100 г шунка
- 100 г сланина
- 100 г шампињони
- 4 лажици кечап или пелат
- 2 јајца
- 1 чаша павлака
- маслинки
- оригано
Начин на приготвување: Лебот наредете го во поголем плех кој претходно сте го намачкале со малку масло или маргарин. Изматете цели јајца со павлака и со смесата премачкајте го лебот, а одозгора ставете кечап. Одозгора наредете ја шунката, сланината и печурките, па над се изрендајте го кашкавалот. По желба додадете маслинки и оригано. Печете на 200 C околу 20 минути.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата