logo
logo
logo

ОВА Е ВИСТИНСКИОТ ЗИМСКИ ПОДВАРОК, мајсторија на балканците

Vecer | 13.11.2022

ОВА Е ВИСТИНСКИОТ ЗИМСКИ ПОДВАРОК, мајсторија на балканците

Наскоро доаѓа зимата, но и периодот за кисела зелка која вредните домаќинки ја подготвуваат. Кога ќе дојде овој период од годината, повеќето домови ќе замирисаат на подварок – јадење без кое зимската трпеза е незамислива.

Ако сакате традиционални рецепти, тогаш сте на право место, бидејќи еден таков следи во продолжение.

Состојки:

- кисела зелка;

- 500 гр. суво месо;

- 5 лажици маст;

- 1 главица кромид;

- сол по вкус;

- бибер во зрно;

- 2 лажици црвен пипер;

- ловоров лист.

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете една полна лажица маст, па кога ќе се растопи, ставете го ситно сечканиот кромид да се динста. Потоа додадете го месото, па истурете вода до половина месо. Покријте го тенџерето, па оставете да се динста околу 20 минути.

Во друго тенџере ставете ја преостанатата маст да се растопи. За тоа време ситно исечкајте ја зелката, па ставете во тенџере и пржете пет минути. Потоа додадете ја солта и црвениот пипер и пржете уште пет минути.

Ставете ги месото и зелката во големо тенџере или друг сад и измешајте сè заедно и додадете ги зрната бибер и ловоровите листови. Ставете ја во рерна на 180 степени 30 минути. По половина час измешајте ги малку зелката и месото, па прелијте со вода. Подварокот треба да се крчка околу два часа со повремено мешање. Кога ќе биде готов, оставете го да се излади, па послужете го со домашна проја.

Пријатно!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk