logo
logo
logo

Ова е омилената храна на секој монах од Хиландар: Ја јадат постојано и имаат добра причина

Vecer | 30.11.2022

Ова е омилената храна на секој монах од Хиландар: Ја јадат постојано и имаат добра причина

Гравот е едно од најчестите и најомилените јадења кај нас - лесно се подготвува, хранлив е и здрав, а се подготвува и многу лесно. Сепак, рецептот што го користат монасите во Хиландар е навистина нешто посебно и дефинитивно треба да го пробате!

Светогорци за подготовка користат грав, вода, маслиново масло, кромид, домати, мелена пиперка, бибер, сол и суви зачини.

Начин на приготвување: Гравот исчистете го и измијте го, ставете го во тенџере и прелијте го со вода колку да го покрие гравот. Гответе на висока температура и внимавајте да не изгори. Додека гравот се вари, на маслиново масло пропржете неколку главици крупно исечкан кромид. Издинстајте го, па додадете ги сечканите домати, мелената пиперка и другите зачини. Со овој сос прелијте го сварениот грав, убаво измешајте, па ставете во загреана рерна малку да порумени. Печете додека одозгора не фати коричка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk