logo
logo
logo

Направете вкусна медена пита каква што правеле нашите баби

Vecer | 09.10.2021

Направете вкусна медена пита каква што правеле нашите баби

Состојки: 2 лажици мед, лажица какао, 2 лажици млеко, лажичка сода бикарбона, 5 лажици шеќер, дл масло, јајце, 3 лажици брашно, жолта кора: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно

Крем: 5 дл млеко, 100 гр шеќер, 100 гр мед, 6 лажици скробно брашно, 200 гр путер.

Подготовка:

Измешајте ги медот, какаото, млекото, содата бикарбона, шеќерот, маслоти и јајцето.

Додадете брашно во смесата и измесете во не премногу тврдо тесто. Печете ја кафеавата кора на превртен плех обложен со хартија за печење.

Жолчките од јајце изматете ги со шеќерот додека не се запенат. Изматете ги белките од јајцата додека не се зацврсти смесата и лесно измешајте во смесата од жолчки и јајце, наизменично со брашното. Поделете ја смесата во две калапи со иста големина како и калапот во кој сте ја испечиле темната кора.

Печете ја секоја кора околу 10 минути и оставете да се излади. Сварете 3 дл млеко со шеќер. Измешајте го брашното во преостанатото млеко и истурете го во врелото млеко. Гответе, мешајќи, додека кремот не се згусне.

Изладете и промешајте со медот и добро изматениот путер.

Премачкајте ја жолтата кора од бисквит со кремот па наредете ја темната кора од какао и мед, нанесете слој крем, ставете уште еден дел од жолтиот бисквит и премачкајте со тенок слој од преостанатиот крем.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk