Само три состојки ќе го подобрат вкусот на пилешкото на скара.
Наскоро ќе започне сезоната на скара, а покрај ќебапите и плескавиците кои традиционално се печат на скара, многумина сакаат и печено пилешко. За да постигнете крцкавост и одличен вкус, маринирајте ги парчињата месо неколку часа претходно - со советите и триковите на готвачката Клер Лоуер, пренесува Lifehacker.
Оваа готвачка тврди дека одлична маринада може да се направи со само три состојки - јогурт, лук и сол!
Во сад измешајте јогурт и лук сол - количината зависи од килограмите месо што ги имате, а Клер по правило користи по една лажица сол со лук за секоја шолја јогурт.
Истурете ја маринадата врз пилешкото и ставете го во кеса и оставете го во фрижидер преку ноќ, или најмалку 6 часа пред печењето на скара. Кога ќе дојде време за скара, едноставно избришете го вишокот со хартиена крпа и ставете го на скара.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата