Потребни состојки:
- 2,5 дл масло
- 5 главица кромид
- 6 лажици мелена пиперка
- 4 л вода
- 350 г компир
- 2,5 кг риба по избор
- сол и бибер по желба
- зачини по желба
Начин на приготвување: Во котле или тенџере, претходно исчистената и измиена риба, исечена на парчиња, посипете ја со исечкан кромид, па пиперка, а потоа повторете ред по ред. Секој ред посолете го умерено. На крајот додадете ги претходно исчистените и исечени компири, покријте ги со вода и варете на тивок оган.
Напомена: рибната чорба не треба да се меша. За чорба погодни се крап, смуѓ, сом, пастрмка, а по желба можете да додадете и малку чадена риба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата