logo
logo
logo

КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ ПОДГОТВУВА КИСЕЛА ЗЕЛКА: Не е потребно преточување на саламурата, а главиците се здрави и цели до пролет

Vecer | 24.09.2022

КАКО ПРАВИЛНО ДА СЕ ПОДГОТВУВА КИСЕЛА ЗЕЛКА: Не е потребно преточување на саламурата, а главиците се здрави и цели до пролет

Денеска веќе можете да киселите зелка која ќе стигне за дваесетина дена

Освен што е традиционална, киселата зелка се смета и за најздрава храна во зима. Се вели дека киселата зелка е единствената храна која е поздрава кисела отколку свежа.

Затоа, ви пренесуваме испробан рецепт за кисела зелка во кој можат да успеат и почетниците.

Што е потребно?

Килограм сол на 30 кг зелка, камен или тегла со волумен од 1,5 л.

Подготовка: Измијте ги главиците од зелката, исчистени од површинскиот слој на листовите, на коренот исечете крст и во секоја од нив ставете крупна сол. Потрудетет се солта да биде доволна за сите зелки а потоа наредете ги во буре. Оставете ги 24 час да отстојат потоа залејте ги вода два прста над зелката. Над зелката ставете обрач исплетен од винови гранки или пластичен. Ставете камен или тегла полна со вода над обрачот.

Затворете го бурето и повремено контролирајте ја количината на вода неколку дена. Додадете вода по потреба, за да не биде зелката надвор од водата. Исто така каменот или теглата повремено мора да се мијат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk