logo
logo
logo

ГРЧКА ПИТА со неколку вида сирење

Vecer | 17.11.2022

ГРЧКА ПИТА со неколку вида сирење

Тиропита е традиционална грчка пита полнета со фил од неколку видови сирење.

Потребни состојки:

- 5 јајца

- 200 г брашно

- 400 г фета сирење

- 200 г едамер или друго тврдо сирење, по желба

- 1 чаша кисела павлака

- 1 дцл масло

- 1 лажичка прашок за печиво

Начин на приготвување: Во сад лесно изматете ги јајцата. Додадете го фета сирењето издробено со виљушка, едамерот изрендан на крупно ренде, павлаката, маслото, брашното, прашокот за печиво и измешајте. Во подмачкана тава истурете ја смесата. Се пече на 180 степени околу 45 минути. Печената пита треба да е дебела два прста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk