logo
logo
logo

Кремаст десерт од три состојки: Кој може да му одолее?

Vecer | 06.06.2025

Кремаст десерт од три состојки: Кој може да му одолее?

300 гр бисквити (мелени или кршени)

500 мл кисела павлака или грчки јогурт

300 г овошје по ваш избор (најдобро е свежо: јагоди, малини, боровинки, праски)

Во голем сад измешајте ги мелените бисквити и павлаката (или јогуртот) додека не добиете мазна, кремаста смеса. Додадете ситно исецкано овошје и нежно промешајте за да се распредели.

Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење, измазнете ја со лажица и оставете ја во фрижидер да се стегне 2-3 часа.

Доколку сакате, можете да му ставите растопено чоколадо или шлаг одозгора и да го декорирате со свежо овожје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk