За време на постудените денови мирисот на готвење сарма, која на многумина им е омилено традиционално јадење, се чувствува речиси од секој дом кај нас. Некои само го варат, а други ја печат во рерна. Има безброј начини на подготовка, секоја домаќинка си дава свој печат.
Но, она што е основно во сите рецепти е дека месото се завиткува во зелката и на тој начин ја добиваме многу обожаваната сарма. Иако изгледа како голема филозофија, виткањето сарми не е тешка работа. Важно е да се најде техника која успешно ќе ги затвори листовите зелка за да не испадне месото при готвењето од неколку часа.
<b>Според советите на нашите баби, ова е наједноставниот начин правилно да ги завиткате сармите. Еве што треба да направит:</b>
Земете листови кисела зелка.
Меленото месо испржете го, по можност да е мешавина од говедско и свинско месо
Кога месото ќе биде речиси готово, во него се става една рака ориз и едно живо јајце.
Сè измешајте и оставете да се излади.
Подгответе длабоко тенџере во кое ќе ја сварите сармата
На дното се става една лажица масло и се редат двата најголеми листови зелка
Исечете ги потврдите делови на листовите, нежно одозгора додека целосно не ја разредите вената
Во дланката ставете лист од зелката така што поширокиот дел да биде свртен кон вас.
Врз листот се става една лажица од смесата од месото.
Месото прво покријте го по должина со десната страна од листот.
Топчето месо (кое претходно беше покриено со десната страна од листот зелка) се покрива со подебелиот врв.
Другиот дел завиткајте го околу него и вметнете ја зелката во дупката направена на дното
Завитканите сарми потоа редете ги во круг на дното од тавата. Ако имате парче суво месо, ставете го меѓу кришките, а кога ќе стигнете до последниот ред покријте го со два или повеќе листови зелка. Истурете вода да ја покрие зелката и оставете ја да се готви на тивко три до четири часа.