Сите сакаат домашна храна, но денешните домаќинки имаат се помалку време. Помеѓу работата и другите обврски тешко наоѓаат време да готват, па најчесто се работи за некои брзи и едноставни оброци како тестенините. Сите се сеќаваме на кујната на баба, кога таа правеше сè сама, тегнеше кори за пита, месеше леб и правеше домашна супа ...
Одвојте малку време за да направите домашни коцки за супа и секогаш ќе имате вкусен оброк. Коцката можете да ја користите за брза супа, сосови, како и за збогатување на вкусот на варивата.
Потребни состојки:
- батаци или крилца
- морков
- магдонос
- целер
- кромид
Начин на приготвување: Зеленчукот (освен магдоносот) исечкајте го на ситни парчиња и ставете го во шерпата, а потоа додадете го месото. Сипете вода да проврие, па покријте и варете на тивок оган. Периодично додавајте вода ако видите дека испарила. Додадете сол, бибер и сув зачин. Слободно додадете уште малку зачин доколку сакате. Кога се добро ќе се свари, т.е. кога ќе добиете погуста смеса, исклучете и додадете го магдоносот. Оставете да се излади, па ставете во блендер и иситнете. Ставете во плех и ставете во замрзнувач преку ноќ, па потоа исечете на коцки, па ставете на хартија за печење или ќесичка за замрзнување и вратете во замрзнувач, па користете по потреба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата