Летните горештини полесно се поднесуваат со сладолед, особено ако е направен од природни состојки, без конзерванси и вештачки бои. Старинскиот рецепт со јајца и шеќер, кој го правеле нашите баби, без причина не останал еден од оние кои се пренесуваат низ генерациите. Сега е малку изменет - наместо млеко, се користи изматена слатка павлака.
Покрај тоа што има полн со вкус, овој сладолед е кремаст и донекаде потсетува на најфиниот фил за колачи, бидејќи се прави од жолчки на пареа со шеќер и чоколадо, а подоцна се меша со изматени белки и слатка павлака.
Потребни состојки:
- 5 јајца
- 10 лажици шеќер
- 250 мл слатка павлака
- 150 г чоколадо за готвење
Начин на приготвување: Скршете ги јајцата, па одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег, додадете пет лажици шеќер и продолжете со матењето додека не се соединат состојките. Истурете ги жолчките во садот за готвење на пареа, додадете ги преостанатите пет лажици шеќер, матете со миксер додека смесата да стане пенеста, додадете ја искршената чоколада, па варете десетина минути и оставете да се излади. Додека се ладат жолчките со шеќер и чоколадо, изматете ја слатката павлака. Кога смесата со жолчките ќе се излади, додадете ги изматените белки со шеќер, како и слатката павлака, сè убаво измешајте со миксер, истурете во садови и ставете во замрзнувач да се стегне сладоледот.
Пријатно!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата