logo
logo
logo

Јадете без грижа на совеста

ДОМАШЕН КРЕМ без шеќер!

Vecer | 05.10.2022

ДОМАШЕН КРЕМ без шеќер!

Колку и да е понекогаш тешко да се одолее на чоколаден крем, сите знаеме дека мора затоа што целиот шеќер во него не е добар за телото, без разлика дали се грижиме за линијата или не. Наместо вакви намази, одберете домашна верзија од семки и бадеми, која ќе ве воодушеви со својот вкус.

Бадемите се познати по тоа што се богати со витамини А, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б9, Ц, Д, Е и К, а има и јаглехидрати, секакви масти, протеини, минерали... Научно е докажано корисно како превенција од кардиоваскуларни болести, за регулирање на гликозата во крвта, намалување на холестеролот, има антиоксидативно дејство...

Тука е и лененото семе кое благотворно делува на варењето, здравјето на цревата, погодно е за одржување на здрава телесна тежина, а покрај сето ова го регулира и нивото на холестерол во крвта! Поради омега-3 масните киселини поволно делува на состојбата на крвните садови и спречува појава на кардиоваскуларни заболувања. Помага во детоксикација на телото, ја регулира желудочната киселина и ја подобрува состојбата на цревната бактериска флора, благотворно делува на косата и кожата, а го користат и жени кои имаат проблеми со миоми.

Една од клучните состојки е сусамот, кој го намалува холестеролот и крвниот притисок, го зголемува нивото на витаминот Е, го штити црниот дроб од оксидативно оштетување, ги ублажува грчевите при астма, делува противвоспалително...

На сето тоа додадете го медот, една од најздравите намирници на светот, а резултатот е домашен намаз за кој сите ќе го побараат рецептот!

Потребни состојки:

  • 3 лажици мелени бадеми 
  • 2 лажици мелено ленено семе 
  • 1 лажица мелен сусам
  • 1 лажица мед
  • половина лажичка цимет
  • топла вода по потреба

Начин на приготвување: Измешајте ги семките, а потоа додадете мед и цимет и добро измешајте. Постепено додавајте вода додека не добиете смеса што може да се намачка, но не и течна. Намачкајте на интегрален леб и уживајте во секој залак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk