Потребни сосојки:

1 пакување купени темни кори

400 г кисела павлака

200 г шеќер во прав

300 г плазма

500 г шлаг

6 дл кисела вода

7,5 дл чоколадно млеко

Начин на приготвување: Се матат павлаката и шеќерот, па се додава мелената плазма и убаво се меша. Изматете го шлагот со кисела вода. Се зема кората, се прелива со 2,5 дл чоколадно млеко, одозгора се става филот со плазма, па шлагот, се става следната кора, се прелива 2,5 дл чоколадно млеко – плазма фил – шлаг – кората се прелива со 2,5 дл. од млеко – фил – шлаг. Декорирајте по желба.

Брза и сочна торта.