Ништо не може да го замени вкусот на домашната пилешка супа послужена за неделен ручек. Кога ќе се сетиме на онаа што ја правеа нашите баби ни доаѓа вода на уста, па еве рецепт за вистинска, старинска супа.
Потребни состојки:
- 1,5 л вода
- 1 јајце
- 1 парче пилешко бело месо
- 1 китка зеленчук за супа (моркови, целер, пашканат)
- 1 главица кромид
- свеж магдонос
- 2 лажици брашно
- сув билен зачин
- сол
- бибер
Начин на приготвување: Најпрво белото месо исечкајте го на коцки, како и зеленчукот. Само исчистете го кромидот и ставете го цел да се готви со месото и зеленчук во литар и пол вода. Кромидот ќе го отстраните подоцна, кога зеленчукот ќе биде целосно сварен. Потоа додадете уште малку вода. Во помал сад истурете една лажичка од таа супа и кога ќе се олади додадете две лажици брашно. Полека истурете ја смесата во тенџерето и оставете да се вари уште малку.
На крајот додадете зачини по желба. На здравје!