logo
logo
logo

Феферона - компир салата

Vecer | 14.11.2021

Феферона - компир салата

Феферона - компир салата

Не е непознато дека покрај многуте свежи салати, не ретко се приготвува и салата од варени компири, но не секогаш исто била подготвувана. Еве еден поразличен рецепт од компир салата кој нема да ве остави рамнодушни... феферона - компир салата

Состојки:

- Компири - по ваш избор колку ќе ставете да се варат

- Масло како за салата

- феферони или чорбаџискаи пиперки или малите бабурести пиперчиња (лути или не) –сите од зимница и по ваш избор количината

- една главица кромид, едно две млади кромитчиња како колорен декор на салата

-2-3 чешниња лук

сол, бибер, триена сол лута или слатка буковка и течноста во која стојат фефероните или чорбаџиските и бабирчињата како замена за оцет .

Подготовка:

Откако ќе се оладат компирите се сечат на поголеми коцки, се додава, сецкан кромид, младото кромитче како за салата, лукот исто така исецкан на мали коцкички, фефероните чорбаџиската пиперка и мали бабурести пиперчиња на тркалца.

Потоа се додава сол, масло, бибер, мелена букова пиперка, триена сол, замена за буковка може да биде и црвен пипер и сето тоа се заедно се меша притоа без грубо мешање за компирот да не делува како пасиран. Се ова се става во длабок сад и врз нив пожелба (и немора), може рендано сирење декорирано со малку магдонос.

Вака приготвена салата може да биде прилог на главно јадење, а исто така со неа можат убаво да бидат пречекани и ненајавени гости – подготовката за неа не трае долго

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk