logo
logo
logo

Полнети “опинци“ – (пиперки)

Vecer | 03.07.2021

Полнети “опинци“ – (пиперки)

Лесно летно јадење кое ќе ве одушеви...

Топлото време бара лесен и брз ручек, а пиперките се идеална комбинација со малку калорични намирници.

Ова едноставно јадење е одличен избор доколку сакате заситен и лесен ручек

Состојки:

6 црвени пиперки

малку масло

сол

2 јајца

100 гр. мелено месо

100 гр. сирење

100 гр. кашкавал

бибер, магдонос

2 домати

Подготовка:

Пиперките измиени се сечат на половина, се чистат од семе. Во сад измешајте малку масло и сол и со четкица се мачка надворешната страна на “опинокот“

Пота наредете ги во сува тепсија за печење.

Подготовка фил:

Изматете ги јајцата, додадете сол, бибер и магдонос, добро.

Малку се запржува меленото месо, се додава на јајцата со зачините. Половина кашкавал се сече на коцкички а сирењето се дроби наситно. Се додаваат во во смесата со јајце и месо и добро се мешаат сите состојки.

Вака измешаните состојки, внимателно се поланат “опинците“.

Во загреана рерна на 180 степени се печат “опинците“ околу 15 минути.

Доматот се сечи на танки кришки, а остатокот од кашкавалот се ренда.

Се вадат пиперките од рерна и во секоја кришка од доматот, па посолете го со рендан кашкавал и вратете ги во рерна. Се печат уште пет минути

Топлите “опинци“ послужете ги со сезонска салата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk