logo
logo
logo

ОНЕСВЕСТЕН ИМАМ: Вака се подготвува модер патлиџан во турска кујна

Vecer | 02.07.2021

ОНЕСВЕСТЕН ИМАМ: Вака се подготвува модер патлиџан во турска кујна

Легендата вели дека сопругата му го подготвила на имамот ова јадење, кој одушевен од јадењето се прејал, па се онесвестил...

За 6 лица потребно е:

• 6 парчиња модар патлиџан

• 6 главици кромид

• 3 зелени пиперки

• 7 домати

• 6 чешниња лук

• сол

• сув зачин

• бибер

• црвен мелен пипер

• 1 чајна лажица доматно пире

• магдонос

• маслиново масло

Подготовка:

Предходно модриот патлиџан зебрасто се лупи , а потоа се оставаат еден час во ладна и солена вода. После тоа се впиваат патлиџаните се со кујнска крпа. Во загрено тава со масло се пржи патлиџанот од сите страни а пота сецеди на хартија од маслото.

Подготовка на фил:

Исецканиот кромид се пржи во маслиново масло. Се додава исецканиот лук, потоа се додава ситно исецкана пиперка, се пржи на умерена температура. Се додава ситно сецканиот црвен домат и се остава да крчка. Сите зачини се додаваат на крај. Се додава и пастата од домати. Се добео измешајте и на крај додаете го магдоносот.

Рерната се загрева на 180 степени. Во тепсија се редат патлиџаните се сечат по должина се прошируваат и се полнат со подготвениот фил.

Птлиџаните се печат во загреана рерна околу 15 минути.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk