logo
logo
logo

Рецет за БАДНИКОВО ЛЕПЧЕ: Лепчето се крши НЕ СЕ СЕЧЕ!

Vecer | 05.01.2025

Рецет за БАДНИКОВО ЛЕПЧЕ: Лепчето се крши НЕ СЕ СЕЧЕ!

За Бадник се приготвува посна вечера, а традиционално на трпезата треба да се најде и лепчето. Покрај ова посно бадниково лепче, на трпезата треба да има и суви сливи, суви смокви, овошје… Верувањето е дека колку повеќе различни плодови ставите на трпезата, толку поплодна ќе биде годината. Обичаите зависат од регионот во кој живеете, но она што е важно за секоја област е дека погачата се крши, не се сече.

Доколку сакате нешто едноставно или можеби не сте особено вешти во кујната, овој едноставен рецепт ќе ви помогне сепак да замесите добро лепче.

Потребни состојки:

- Килограм брашно

- Лажичка сол

- Вода

- Малку прашок за печиво (на врвот од лажичката)

Начин на приготвување: Во поголем сад ставете го брашното, прашокот за печиво, една лажичка сол и постепено додавајте вода (на собна температура), со цел да замесите тесто кое ќе биде средно тврдо. Најдобро е полека да дотурате вода, за да избегнете премногу лепливо тесто. Кога добро сте го замесиле тестото за да стане мазно, во него додадете паричка … и повторно замесете, така да не се гледа каде се наоѓа паричката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk