Кој вели дека за време на постот мора да се откажете од омиленото јадење?! Сакате пица? Еве рецепт за посна пица која ќе ве распамети.
Тестото се прави на овој начин, а филот зависи од вашиот вкус или желбите на домашните.
Потребни состојки за тестото:
- 450 г брашно
- 280 мл вода
- 70 мл масло
- 1/2 коцка квасец
- 1,5 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
Начин на приготвување: Во топла вода додадете шеќер, а потоа издробете го квасецот и мешајте додека сè не се раствори. Додадете брашно и масло и замесете тесто. Замесеното тесто оставете го да нарасне додека го подготвувате филот.
Посна пица со домати
Потребни состојки:
- 1 чаша печурки
- 1 зрел домат
- 2-3 зелени пиперки
- 1 главица кромид
- 1 лажица рузмарин
- малку нане
- 1 чешне лук
- 1 чаша кечап
- малку лута пиперка (по избор)
- малку масло
Подготовка: Тестото развлечете го во круг и премачкајте го со масло, потоа премачкајте го со кечап, па наредете го исечканиот домат, кромидот исечен на тркалца и зелената пиперка, меленото лукче, сечканите зачини и ситно исечканите печурки. Може да се додаде и соја сирење. По желба на крајот прелијте се со малку масло.
Печете во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата