Совршено освежување за летото! Овој кремаст сладолед се прави за помалку од 10 минути и ќе ги воодушеви дури и оние кои внимаваат на својата тежина.
За да го подготвите, ви треба свежо овошје – јагоди и банани – кои обезбедуваат природна сладост.
Состојки:
8-9 јагоди
1 банана
200 мл слатка павлака (може да се замени со растителна павлака без додаден шеќер)
6 лажици кондензирано млеко
Подготовка:
Изматете ја павлаката, потоа додадете го кондензираното млеко и соединете со миксер.
Потоа изблендирајте ги јагодите и бананата, па додадете ги во смесата и промешајте.
Истурете во сад и израмнете, а потоа декорирајте со сечкани јагоди. Покријте со проѕирна фолија и оставете го сладоледот во замрзнувач да се стегне.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата