logo
logo
logo

Универзалeн раствор за зимница: Совршен е за краставици, пиперки, карфиол...

Vecer | 20.09.2025

Универзалeн раствор за зимница: Совршен е за краставици, пиперки, карфиол...

Овој раствор се состои од вода, оцет, сол и малку шеќер и е практичен бидејќи може да се користи за различни видови зеленчук – од краставици и пиперки, до моркови и цвекло. Најважно е да знаете кога да го истурите ладно, а кога топло, бидејќи токму тоа прави разлика во вкусот и текстурата.

Рецепт за универзален раствор:

1 л вода

250 мл оцет

1 лажица шеќер

4 лажици сол

Подготовката е едноставна: водата се вари со додаден шеќер и сол, потоа се истура оцет и сè добро се меша.

Зачините како што се бибер, коријандер и сл. се додаваат по желба.

Како да се користи растворот?

Ладен раствор е најдобар за зеленчук што се чува суров во тегла, како што се пиперки, краставици, карфиол, зелени домати или лути пиперки – на овој начин тие остануваат убаво крцкави.

Топлиот раствор се користи за зеленчук кој претходно е бланширан или делумно зготвен, како што се моркови, цвекло, зелен грав или тиквички – на овој начин зеленчукот подобро ја апсорбира аромата и трае подолго.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk