logo
logo
logo

Кулинарски талент на Бруклин Бекем: Како да подготвите пилешко на негов начин

Vecer | 07.02.2026

Кулинарски талент на Бруклин Бекем: Како да подготвите пилешко на негов начин

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, со години објавува рецепти на социјалните мрежи, но неговото неодамнешно видео со пилешко и пармезан собра повеќе од шест милиони прегледи ‒ и тоа не само затоа што јадењето изгледа примамливо, објавува City Magazine.

Целото внимание е насочено кон Бруклин откако тој се огласи на социјалните мрежи за да ја изрази својата фрустрација кон своите родители, предизвикувајќи вистинска семејна драма.

Додека јавноста се прашува дали промоцијата е навистина „над сè“ во семејството Бекам и дали Posh Spice навистина „несоодветно“ танцувала со својот син на неговата свадба, има и такви кои обрнале внимание на неговите кулинарски вештини.

Подготовка на пилешко во стилот на Бекам

• Истурете неутрално масло, како што е растително масло, во тавата и оставете го да се загрее додека го подготвувате пилешкото.

• Зачинете околу половина килограм мелено пилешко со сол и бибер и добро измешајте со рацете.

• Бекам не користи, но се препорачува да додадете други италијански зачини, како сушен оригано или босилек, по желба.

• Ставете парче пластична фолија на работната површина и распоредете го пилешкото врз неа. Бекам направи само еден голем „стек“, но можете да ја поделите смесата на неколку парчиња. Користете ги прстите за да го тапкате и обликувате месото до саканата дебелина и облик.

• Потопете го подготвениот „стек“ во изматени јајца, а потоа во презла. Кога маслото ќе се загрее, ставете го пилешко во тавата. Пржете додека не добие убава златна боја и не стане крцкаво. Можеби ќе треба повремено да го премачкувате со малку масло за да се испече рамномерно.

•По пржењето, ставете го пилешкото на хартиени крпи за да го впие вишокот маснотии. Ставете конзерва пелате во сад и изгмечете го со рацете. Додадете малку зачини по вкус, иако Бекам го прескокнува овој чекор.

Ставете го крцкавото пилешко на плех обложен со алуминиумска фолија, покријте го со неколку лажици мелени домати и наросете го со моцарела.

Ставете го плехот во рерна и печете додека сирењето не се стопи и не почне да крцка. На крај, наросете со рендан пармезан и свеж босилек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk