Сезона е на домати, па зошто да не ги искористите да го подготвите ова брзо и лесно
рижото? Неверојатно е кремасто и вкусно, а еве како да го направите.
Потребно:
300 гр ориз арборио
1 кромид
2 чешниња лук
5 свежи домати
1 лажица доматна паста
100 мл суво бело вино
1 л зеленчуков бујон
3 лажици маслиново масло
30 гр путер
50 гр рендан пармезан
Прстофат сол и бибер
Свеж босилек или магдонос за сервирање
Подготовка: Загрејте го маслиновото масло во големо
тавче или тенџере на средна температура. Додадете го
исечканиот кромид и пржете додека не стане проѕирен, околу 5
минути. Додадете го лукот, промешајте кратко и пржете уште
30 секунди, внимавајќи да не го изгорите. Додадете го оризот,
мешајќи околу 1-2 минути додека не стане малку проѕирен. Додадете го белото вино и
мешајте додека не испари. Додадете ги доматите што сте ги излупиле и исечкале претходно,
како и доматната паста. Добро промешајте и зачинете по вкус со сол и бибер. Започнете да
го додавате врелиот бујон – една по една лажица, мешајќи постојано. Додадете ја следната
лажица само кога претходната ќе биде речиси целосно впиена. Продолжете да го додавате
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата