logo
logo
logo

Дали сте слушнале за лут мед? Ги освои социјалните мрежи и оди со сè – од пица до чоколадна торта

Vecer | 18.09.2025

Дали сте слушнале за лут мед? Ги освои социјалните мрежи и оди со сè – од пица до чоколадна торта

Лутиот мед стана голем хит на социјалните медиуми во последниве години – луѓето го користат како додаток на речиси сè, од пица и пржено пилешко до печена пченка и други јадења. Еве како можете да го подготвите дома.

Станува збор за мед кој е ароматизиран со чили пиперки и има слатко-лут вкус и леплива текстура.

Топлиот мед го популаризираше американскиот претприемач Мајк Курц на почетокот на 2000-тите откако проба пица во бразилски ресторан во која имаше мед ароматизиран со чили пиперки, пишува Punkufer.hr.

Тој беше воодушевен, направи своја верзија и почна да ја продава на американскиот пазар под името Лут мед.

Се испостави дека лутиот мед добро оди со многу јадења - ќе го подобри вкусот на зеленчукот, рибата и месото. Некои луѓе го ставаат и во десерти како сладолед од ванила или го служат со чоколадна торта.

Денес, постојат многу верзии на овој производ, кои можат да се купат и во некои специјализирани продавници.

Секако, можете да направите свој лут мед дома – со само три состојки: мед, чили и малку јаболков оцет.

Лут мед

Состојки:

250 мл мед

2 лажички лута пиперка или 1 свежа чили пиперка

1 лажичка јаболков оцет

Подготовка:

•Во мало тенџере, измешајте го медот и лутите пиперки или сечканата лута пиперка.

Загревајте лесно додека медот не почне да врие.

Тргнете го тенџерето од шпоретот и оставете медот да го впие чилито околу 15 минути.

Процедете го медот и на крај додадете една лажичка јаболков оцет.

Ставете го вака подготвениот мед во тегла и чувајте го во фрижидер, а послужете со кое било јадење по ваш избор. Уживајте!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk