logo
logo
logo

Ова е НАЈПОПУЛАРНАТА КУЈНА НА СВЕТОТ

Vecer | 15.03.2023

Ова е НАЈПОПУЛАРНАТА КУЈНА НА СВЕТОТ

Во моментов, најпопуларната кујна во светот не доаѓа од Европа, а веројатно никогаш не сте пробале некое од традиционалните јадења кои доаѓаат од таа земја.

Истражувањата покажаа дека најдобрата храна доаѓа од далечната Кореја.

The bucket list“ се занимава со авантуристички патувања и нивното најново истражување имаше за цел да открие која е моментално најпопуларната кујна во светот. Верувале или не, не е ниту италијанска, ниту француска, ниту кинеска, ниту е индиска.

Врз основа на гласовите и интеракцијата на публиката на платформите на социјалните медиуми како TikTok, Instagram и Reddit, создадоа листа на популарни јадења. Списокот содржи неколку омилени, секако има италијански, со пици и тестенини, на листата се и мексиканската и француската кујна. Но, моментално најпопуларна кујна во светот е корејската.

Еден од специјалитетите што се издвојува е „кимчи“, а тука е и зачинетата „гоџуанг“. Корејската кујна е заслужна за неверојатно разновиден и многу вкусен избор на јадења, пишува магазинот ТУ, додавајќи дека на листата на најпопуларните светски кујни се корејската, италијанската, мексиканската, јапонската, индиската, кинеската, тајландската, виетнамската, филипинската и турската кујна.

Компанијата Bucket List состави сеопфатна листа на актуелните најпопуларни кујни ширум светот.

  1. Корејска
  2. Италијанска
  3. Мексиканска
  4. Јапонска
  5. Индиска
  6. Кинеска
  7. Тајландска
  8. Виетнамска
  9. Филипинска
  10. Турска

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk