logo
logo
logo

Вечер тема

Скриениот живот на Томас Ман

Vecer | 06.06.2021

Скриениот живот на Томас Ман

На денешен ден во 1875 година, роден е познат писател.

„Буденброкс“, „Волшебниот брег“, „Лота во Вајнмар“, се само некои од познатите дела на познатиот германски писател и добитник на Нобелова награда, Томас Ман, кој е роден на денешен ден во 1875 година.

Дневниците на Ман, кои се појавија во јавноста во 1975 година, дваесет години по неговата смрт, го отворија прашањето кој всушност бил еден од најважните германски писатели на сите времиња.

Роден е во Либек, некогаш најголемиот трговски центар во северна Европа.

Неговиот татко, Томас Јохан Хајдрих Ман, бил наследник на аристократско семејство кое со генерации се занимавало со трговија и сенатор во градската администрација.

Сепак, најголемо внимание на малото, провинциско општество привлече неговата мајка Јулија Силва де Брунс, Бразилка со германски корени, за која се вели дека била најубавата и најкокетна жена во Либек.

Заради неговата блага и покорна природа - тој бил омилен кај неговиот татко, за разлика од неговиот брат Хајдрих, кој иако беше подобар во училиште, беше црна овца во семејството затоа што секогаш покажуваше уметнички склоности.

Очекувањата на неговиот татко дека ќе го преземе семејниот бизнис ќе се покажат како залудни, бидејќи наскоро ќе тргне по стапките на неговиот брат и ќе се заљуби во музиката и литературата.

По смртта на неговиот татко во 1891 година, семејниот бизнис пропаднал, банкротирал и тој заедно со остатокот од семејството се преселил во Минхен.

Посетувал часови по историја, економија и, се разбира, книжевност на тамошниот универзитет, но никогаш официјално нема да стане студент.

Подоцна му се придружи на својот брат во Италија, каде што во мирот на едно римско предградие се посветил на литературата и започнал да ја претопува семејна историја во неговиот прв роман, што ќе му донесе Нобелова награда во 1929 година.

Објавувањето на „Буденброк“ ќе го лансира меѓу најголемите европски, литературни ѕвезди.

Почитувани литературни критичари го пофалиле романот и тој се продал во повеќе од милион примероци само во Германија.

По враќањето во својата татковина, се жени, и покрај противењето на неговото семејство, со Катја Прингсхајм, Еврејка од секуларно семејство на богати индустријалци.

Двајцата ќе имаат шест деца, од кои секое ќе има угледно име во уметноста и академијата.

Потоа, во 1912 година, тој предизвикал бура со својот контроверзен роман „Смрт во Венеција“, кој ја обработува темата на платонската љубов на стариот писател кон тринаесетгодишно момче.

Се шпекулирало дека тој пронашол инспирација за ликот на момчето Таџи кај младиот полски благородник Владислав Мос.

Истата година, Катја се разболела од туберкулоза и била сместена во санаториум во Швајцарија.

За време на посетата кај неговата сопруга, Ман сфати дека болничката средина на санаториумот во Давос е идеален амбиент за неговата следна приказна, што ќе биде алузија на хистеријата што владее со светот.

„Волшебниот рид“, роман проткаен со воени претскажувања, ќе го види светлото на денот дури во 1924 година.

Неговото создавање ќе го забави Првата светска војна и фактот дека писателот ќе биде ставен во служба на германската пропаганда машинерија.

Не отстапувајќи од конзервативните ставови и оправдувајќи ја автократската политика на Кајзер Вилхелм Втори, тој дури влегува во судир со неговиот брат Хајдрих, кој ја поддржувал левицата.

Томас не сакал да признае дека згрешил дури и кога видел дека Германија излегува од војната сериозно поразена и ослабена, и дури по прогласувањето на Вајмар ќе застане на страната на демократијата.

Подемот на нацизмот во дваесеттите години од минатиот век длабоко ќе го вознемири неговото семејство поради потеклото на неговата сопруга и тој ќе објави есеј „Апел до разумот“ во 1930 година, но неговата директна критика кон нацистите ќе отсуствува.

Во јануари 1933 година, кога Хитлер доаѓа на власт, Томас се наоѓал на патување со својата сопруга во Европа.

Децата Ерика и Клаус наскоро го известиле да не се враќа во земјата, бидејќи веднаш ќе биде затворен во новооснованиот логор Дахау.

Прво се населил во Швајцарија, а потоа во 1938 година заминал во Америка каде ја добил позицијата вонреден професор на Универзитетот Принстон.

Многумина му замериле што не сакал долго време јавно да го осуди режимот на Хитлер, иако бил лишен од германско државјанство.

Како што напиша во дневниците, причината за неговото двоумење беше стравот од губење на германската публика.

Дури во Америка тој започнал посилно да зборува против нацизмот и да одржува антивоени говори на радиостаниците.

Во октомври 1945 година, тој јавно објави писмо во кое нагласува дека германската нација треба да сноси колективна одговорност за злосторствата извршени за време на војната.

Ова ќе предизвика горчливи реакции од неговите сонародници, кои ќе се манифестираат во 1949 година кога ќе пристигне по наградата Гете.

Неговиот престој ќе биде обележан и со расплет на долгогодишна семејна драма.

Човекот никогаш не бил грижлив и топол татко.

Според сведочењето на неговите деца, секогаш кога тие ќе се мешале во неговата работа, тој ќе им ржел како волк.

Томас имал особено бурна релација со неговиот син Клаус, кој од него наследи талент за пишување.

Клаус беше дисидент и зависник од дрога, кој се предозираше со апчиња во хотелска соба во Кан еден ден во мај 1949 година.

Но, за време на неговиот живот, Клаус успеа да излезе од плакарот и да признае пред општеството дека е хомосексуалец, за што неговиот татко - како што и самиот признава во своите дневници, никогаш не собрал доволно храброст.

Манови ја напуштија Америка во 1950-тите, разочарани од антикомунистичкиот режим диктиран таму.

Познатиот писател починал на 12 август 1955 година во Цирих.

Зад себе, според мислењето на многу експерти, остави уметничко дело со непроценлива вредност, но и тајни кои денес ги примамуваат премногу љубопитните обожаватели да ги откријат.

Цитати:

Големиот човек често е придружуван од големи грешки.

Војната е кукавичко бегство од мировните проблеми.

Дури и штетната вистина вреди повеќе од корисни лаги.

Кога планираме потомство, мора да имаме предвид дека доблестите не се наследни.

Љубовта е, а не разумот, таа е посилна од смртта.

(Vecer.mk VIA)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk