logo
logo
logo

Вечер Анализа

Што ќе се случи кога ЕВРОПА ЌЕ ПОЧНЕ ДА КУПУВА РУСКИ ВАКЦИНИ

Vecer | 27.02.2021

Што ќе се случи кога ЕВРОПА ЌЕ ПОЧНЕ ДА КУПУВА РУСКИ ВАКЦИНИ

Дo, пред неколку недели вакцините за коронавирус од Русија и Кина во Европа, прилично арогантно, се претставија како категорија „ни под разно“. Во меѓувреме, ситуацијата драстично се промени.

Скоро сите клучни вакцини произведени на Запад имаат проблеми, некои со време на испораката а други со несаканите ефекти. Новите студии, објавени во европските стручни магазини и медиумите сугерираат дека овие вакцини може да бидат помалку ефикасни во создавањето имунитет на нови варијации на коронавирус.

Одеднаш, вакцините кои „не требаше ни да се споменуваат“ не само што се добри, туку и се фалат, особено што се однесува до руската вакцина Спутник V (откако студијата беше објавена во медицинското списание „Лансет“). Меѓутоа, тешко е да се заборави дека некои од водечките експерти пред неколку месеци очигледно првенствено беа водени од политиката отколку од науката кога станува збор за спасување човечки животи и европска економија.

Нема сомнение, ако Астразенека и Фајзер би сториле се што највуваа руските и кинеските вакцини и сега би биле „осудени на употреба само на третиот светски пазар“.

Сега имаме ситуација кога Москва ги отвори преговорите за производство на својата вакцина во срцето на Европа.

Кога започна пандемијата, и кога Русија беше прва што произведе ефикасна вакцина против коронавирус, Москва понуди широка соработка со европските фармацевтски компании за потенцијално создавање на заедничка, ефективна и моќна вакцина, така што оваа невидена состојба во историјата на човештвото не би се решила побрзо и поефикасно.

Некои тогаш отворено ја повикаа Русија, тврдејќи дека станува збор за политичка манипулација, дека направиле „вакцина за по дома“ со цел на крајот преку пропаганда да го нарушат влијанието на „трансатлантскиот сојуз“. Приближно истите коментари дојдоа кога Русија минатата пролет ги испрати своите воени медицински експерти во епицентарот на коронавирусот, во Италија.

Сега, кога Европа ќе мора да ја прифати руската вакцина од чиста практична потреба, а ваквите ставови кај некои ќе бидат уште поизразени. Но, овој пат тие ќе бидат делумно во право. Би било наивно да се очекува дека Русија, особено по европскиот обид за политичка екскомуникација, нема да ја искористи оваа ситуација во нејзина поширока и долгорочна политичка корист и влијание.

Една работа е постојана во последните скоро десет години - притисокот на Западот врз Русија. Да, точно е дека ова непријателство ескалираше по украинската криза и руското преземање на Крим, но тоа дефинитивно не е нешто што брзо ќе запре.

Покрај тоа, слободно може да се тврди дека самата криза во Украина во голема мера беше резултат на ова стрмно влошување на односите меѓу Русија и Западот. Исто така, не е тајна дека Европа цело време ја прифаќа американската политика кон Москва, политика што се сведува на „изолација и опкружување“ на Русија.

Единственото нешто од што Русија треба да се брани се европските интереси што може да ги снабди со неопходната вакцина, но не е само тоа потребата на Европа од Русија. На прво место тоа е енергијата.

Извозот на руски гас во Европа е една од главните причини зошто Европа, барем понекогаш, зазема амбивалентен став кон Москва, додека политиката во Вашингтон константно не ја крие непријателска реторика. Бидејќи Европа се загрева на рускиот гас (а за новите проекти е потребно време, и покрај амбициозните планови за алтернативна, обновлива енергија), ЕУ ќе мора да ја одржи, барем делумно, целокупната стабилност и сега и во блиска иднина.

Русија е свесна за тоа, дека нејзината енергетска мапа е иста како и во сите други земји кои се извозници на енергија - поради таа врска, тие можат да очекуваат или лажно пријателство или непријателство. Земјите како Ирак и Либија доживеаја целосна доза на непријателство, додека, да речеме, една Саудиска Арабија може да смета на лажно пријателство (кое секогаш може да се трансформира во непријателство).

На што е изложена Русија? Всушност непријателство, но од оној што знае до каде може да оди со непријателството. Западот ќе воведе санкции кон Русија, ќе ги поттикне внатрешните пресврти (Во Русија но, и во државите што се во нејзината сфера на влијание), ќе ги исклучи Русите од некои спортски, деловни и други настани - но тие знаат дека не можат да се однесуваат кон Русија како Ирак или Либија.

Америка, од друга страна, сака да ја подигне железната завеса помеѓу „демократска Европа“ и „режимска Русија“ на секој можен начин, но за да го стори тоа, ќе мора да и обезбеди на Европа се што Русија се уште го обезбедува за Европа.

Не дека нема во Вашингтон немаат амбиции, но ова се преамбициозни проекти. САД теоретски можат да ја снабдуваат Европа со гас, поточно течен LNG гас што би го преминал Атлантикот, но таквата операција ќе треба да се субвенционира од џебовите на американските даночни обврзници затоа што во пракса американскиот LNG гас не може да се натпреварува со рускиот кога е во прашање цената, а Европјаните не се подготвени да платат нова, висока цена за истата услуга.

Зошто ја спомнуваме енергијата во рамките на темата вакцини? Бидејќи овие две приказни не се толку различни.

Европската унија повторно има итна потреба, во моментот е вакцина за коронавирус, а наместо реализиран договор од фармацевтите во САД или Британија доби само неколку празни ветувања. Нејзините сојузници од Атлантикот, Соединетите држави од другата страна и Велика Британија, до неодамна членка на ЕУ, се грижат пред се со произведените вакцини да ги задоволат потребите во своите држави, а Европа треба да чека.

Замислете хипотетичка иднина кога Европа навистина се откажува од рускиот гас и тргнува да ја купува  американски течен ЛНГ, кој може да гарантира дека за време на многу студена зима во САД Европа нема повторно да биде „на листата на чекање“?

Русија секако е земја која има голем број внатрешни проблеми, но кога станува збор за нејзината посветеност на испорака на гас и исполнување на трговските договори, тогаш се однесува професионално. На крајот на краиштата, Саудиска Арабија има многу поголеми внатрешни проблеми, а сепак не е проблем од неа да се купуваат гас и нафта, се додека тие ги извршуваат редовно испораките кои се нарачани и платени

Русија би сакала ваков статус за себе. Односите меѓу неа и остатокот од Европа да бидат со добар деловен квалитет, без никој да се меша во нејзините внатрешни работи.

Но, Европа не е држава, таа е заедница на суверени држави во која има повеќе струи кои не прифаќаат да не се мешаат во внатрешните работи на Русија. Во сегашниот случај на Алексеј Навални, ова е повеќе од очигледно. Ако тој е навистина херој во борбата против рускиот олигархичен и корумпиран октопод, тогаш рускиот народ ќе го носи на крилјата до победата - исто како што луѓето во Мјанмар ќе одлучат овие денови дали Аунг Сан Су Чи ќе помине години во куќен притвор или ќе изберат востание против владеење на воената хунта.

Европа го поддржува Навални и слични движења насочени кон пресврт во Русија, но има различен критериум кога е во прашање борбата за човекови права и корупција таму (затоа што мега-корупција во Русија, на пример во 90-тите, но и во првите десет години од владеењето на Владимир Путин , на ЕУ не и пречеше!). Зошто? Бидејќи сакаат снабдувањето со гас да е сигурно, дека не мора ни теоретски да замислуваат како би било ако руската влада „ги затвори цевките за гас до ЕУ“.

Како што минуваат деновите во Европа, така станува се појасно дека им е потребен Спутник V, доколку сакаат да ја запрат епидемијата и да ги отворат своите економии. За споредба, една Германија до 10 Февруари вакцинираше само 2,4% од населението, додека една Србија, која има многу поголема слобода за набавка на вакцини затоа што не е членка на ЕУ, во исто време до 10 Февруари вакцинираше повеќе од 7% од населението. Овој елемент на националниот суверенитет денес може да биде, буквално, прашање на живот и смрт.

Германија, која со својата најголема економија во блокот е синоним за Европската унија, е под голем притисок. Од една страна, тие сакаат руски гас (гасовод Северен тек 2), а сега и руска вакцина (Спутник V). Во исто време, одредени политички сили (внатре и надвор од Германија) очекуваат Берлин да откаже се од соработката со Русија поради затворањето на Алексеј Навални. Гигантска жртва за еден политички активист.

Што се однесува до Русија, „дипломатијата за вакцинација“ сега е нова линија на одбрана против непријателството, санкциите и изолацијата на кои тие се изложени со години, и би било апсурдно да се мисли дека Москва нема максимално да ја искористи можноста за влијание во полза на своите интереси.

Унгарија веќе ја користи нивната вакцина, Австрија почнува силно да се залага за нејзината употреба. Германија, која во паника одбра долга блокада до 7. Март заради појавата на нови соеви на вирусот, исто така ќе мора да ја прифати новата реалност, а потоа и остатокот од ЕУ, која веќе се однесува онака како што Берлин почнува да ја менува реториката кога станува збор за вакцините од Русија и Кина.

[caption id="attachment_834601" align="alignnone" width="750"] Foto: Reuters[/caption]

Beќе има геополитички последици, особено за планот за руска изолација и, на крајот, ова може да доведе до понормални односи меѓу Европа и Русија, можност за постабилна врска, бидејќи сегашната постојана напнатост никогаш не може да биде добра за Европа ни за Русија, само САД можат да профитираат од тензиите.

Но, ситуацијата е сериозна и надвор од геополитиката.

Веќе една година, скоро целиот свет живее во вонредна состојба. Тажен факт е дека токму политиката е еден од најголемите виновници зошто пандемијата се уште трае. Во комбинација со кинеското искуство за борба против вирусот и продукција на вакцини, веќе можеме да ја гледаме оваа ситуација како глобален проблем помеѓу Истокот и Западот.

Не е доцна, но се чини дека вистинските решенија се спроведуваат дури откако ќе се исцрпат сите политички интереси и  можности, што е поразително за целото човештво во првата четвртина од 21 век.

Vecer.mk/ via

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk