logo
logo
logo

Агим Јонуз

Е*ана странка

Vecer | 17.06.2021

Е*ана странка

Пишувам колумни на порталот на Вечер не затоа што е на татка ми, туку затоа што ми се почитува уставното право да си кажам буквално што мислам во рамки на пристојното, секако гледајки низ прсти на она малку ‘‘слалом‘‘ полу пристојно. Тоа е доблест. Вечерова.

Единаесет од десет информации по медиумите се дефокус од реалните проблеми. Ама, како инаку би држел народ под контрола. Теоријата на Троцки вели ‘‘ држи го народот информиран, да не речам глуп онолку колку што ти е потребно за да го владееш.

Пишувам колумни со ‘‘говорен јазик‘‘ па испаѓам прост и непристоен, за разлика од ( си ќутам) % колумнисти кои својата беда и мутавост ја кријат зад високо ниво на современ македонски вокабулар, и пола пучанство појма немаат кој што у суштина збори. Битно ‘‘ на нивоу су‘‘ што би рекол Гидра ( Жикина династија) .

Медиумите станаа каша попара од најобична сурутка во која пливаат патки кои кењаат гурабии. Србите велат ‘‘ све че то народ позлатити‘‘ ја велам ‘‘ попушити‘‘ – ГЛАТ !

Во политички амбиент на ‘‘ широк осмех и златан зуб‘‘ / Балашевиќ /, власта има страшно сериозен проблем како да ја амортизира катаклизмата за добивање датум за преговори и како на бугарите да им кажат ‘‘ што ве дупиме бе‘‘, а при тоа да останат ‘‘вирго интакта‘‘ без последици.

Згора на тоа, во предвечерје на кампањата за избори која бездруго е започната, ни баронот Минхаузен нема инспирација како да ја вади ситуацијата од тешки лајна. Работата врвка!

Народот е станат зомби од пандемиската полу-биолошка војна во која исконтролира свет една мала група луѓе од светската елита, со фантастично подготвен терен да прави што сака понатаму. Кога многу подобро организирани и функционални држави може да се онакват у мозак со финтата ‘‘вирус‘‘ , малите држави како Македонија може само да се ‘‘ натакнат‘‘. Ќути и пливај синко!

Животот стана чиста вересија за девеесет посто од населението. За десетте што не живеат на вересија, животот стана ноќна мора да докажуваат дека парите не им се украдени. Империи не се создаваат од плата или на кредит со отплата. Дужиш у банка, дужиш на пријатели кои се откажуваат од тебе зашто не им враќаш пари, а и тие должат на трета страна, така да Македонија стана ‘‘дуг није зец да побегне, ал се усрао на сред пута‘‘!

И јас должам пари како и секој друг, ама кога немаш излез, ја пееш онаа песна ‘‘ е ај роди бабо мушко дете‘‘,....

Туку, ај да и се навратиме на ‘‘ебаната странка‘‘.

Фразата ‘‘ебана странка‘‘ произлегува од онаа стара народна ‘‘ тепаниот тепан, ебаниот ебан‘‘, па ако се екстрахира оној што е тепан, тоа значи дека си ја добил казната па откога ке му оздрават раните може да се рестартира и да почне од поново, што би рекол народот има ‘‘трета мајка‘‘ да си ги поправи грешките и да фати добар пат.

Тоа обично се случува после војни, катаклизми или револуции. Кај нас уште од тоа нема ништо.

Ебаната странка нема ‘‘трета мајка‘‘ туку само може да се чуди што ја снашло, зошто нема модрици од тепање, ама чувствува дека нешто му се случува. Таа нема друг избор освен да си ја свирка онаа песна ‘‘ ако не можеш да избегнеш силување, обиди се да уживаш во онаквењето‘‘. Глеј да не ти се уарни велат, зошто после тоа нема назад велат кај мене у Чаир.

Епа, ајде сега да подвлечеме ‘‘цртка ‘‘ како најобични келнери у ‘‘друмска кафана‘‘ и да резимираме дали нашиот народ е ебана или тепана странка во Anno Domini 2021 – во.

Тепана не е, зошто власта вежба ‘‘правда за сите‘‘, а истовремено многу умно ја олабави меѓуетничката тензија за да не се плаши народот од ‘‘баба рога‘‘ наречена ‘‘ќути народе да не ја запукаме пак‘‘. А, додуше и народот е свесен дека ист стап не се јаде сто пати, па баш го заболе за тие теми, оти е гладен, а гладен во тепачка не се влегува.

Среќна околност е тоа што и регионално нема некоја ‘‘јамб у најава‘‘ дека некој сака да се тепа. Така, сите се фокусираат на прашањето ‘‘што има за ручек денеска‘‘!? Има! Ручки и тапани, што би рекол народ. А, башка има и во изобилие ако ти се јаде криминал, корупција, наркоманија, алкохолизам, проституција, непотизам, кратко речено – ненормализам.

И, сеуште не дадовме одговор која е ‘‘ебаната странка‘‘!!!

Е па, ако додека ја читате колумнава не се пронаоѓате меѓу тепаните, како се чувствувате во делот на внатрешниот космос што го носите во себе? Релаксирано? Тоа ви е од сексот. Сте се навикнале на него и убаво ви е. Тоа ви станало модел од кој не може да се одлепите тек така. Навика си е навика. Дури и ако имаш камче во кондурите на кое сте навикнале, со текот на времето не го ни чувствувате. А тоаа е затоа што сте кретени кои не се наведнуваат да го извадат камчето за да можат да си чекорат на раат.

Велат, како што можеш сам да си го заебеш животот, не може никој така да ти го заебе. Исто е и со државата. Народ и земја во која се чека да игра фудбалска репрезентација за да се сака државата девеесет минути има проблем. Тоа се вика ‘‘провод за една ноќ‘‘, а годината има 365 дена и ноќи.

Потполно сум свесен за вулгаризмите во колумнава, ама ‘‘пуко ми филм‘‘.

Со фигуративен јазик кажано, преку триесет години играме внатре ‘‘фудбал на мали голчиња‘‘ каде што правилото е дека нема правила, освен едно и обавезно и се вика ‘‘ три корни - пенал‘‘. А, мериме муда на Европско првенство. Ова е фигуративен јазик, секоја чест на фудбалската репрезентација на Македонија. И јас навивам. Искрено. Посакувам успех.

Да резимираме или да се праиме мутави!? Кој е ебана странка!?

Е па, народе ако треба да ти се црта, тогаш останиси не ебана, туку и трудна странка. Тоа е избор! Твој. Да!, ти, граѓанину кој не знаеш да се самоорганизираш, да ја развиеш својата граѓанска свест, да го развиеш чувството на државност, да си бираш и инсталираш современа квалитетна власт, да се освестиш дека ‘‘тлото ти е Швајцарија, а ти си мајмун‘‘, да разбереш дека социјалата го раѓа патриотизмот, а не патриотизмот социјалата, да разбереш дека – не знаеш да градиш држава!

АЛООООООО !

Па ќе те дупел Грк, Бугар, Србин, Албанец, па ќе те дупеле партиите унутра, па ќе те дупеле оние на Кале, па оние у Брисел, па вујна ти Вероника,...

Тебе битно ти е убаво со онаквото во газот. Ако! Уживај си! Барем насмеј се! Надвор е сонце!

Агим Јонуз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk