Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата, собено во текот на претстојните Велигденски празници и продолжениот викенд, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено кон туристичките места.
Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.
„Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност – секоја правилна одлука значи спасен човечки живот.
Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен:
– Почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација
– Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно
– Бидете трпеливи покажете култура и етика во сообраќајот
– Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас
– Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот
Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото.
Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла – „Секој живот е важен“ – се вели во апелот од РСБСП.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата