logo
logo
logo

ЖЕНИТЕ ПАНИЧНО ГО КРИЈАТ, а МАЖИТЕ потајно ГО ПОСАКУВААТ - резултати од необична АНКЕТА

Vecer | 09.04.2026

ЖЕНИТЕ ПАНИЧНО ГО КРИЈАТ, а МАЖИТЕ потајно ГО ПОСАКУВААТ - резултати од необична АНКЕТА

Додека жените поминуваат часови пред огледалото анализирајќи ги „маните“ и обидувајќи се да ги издолжат нозете со високи потпетици и сонуваат за манекенската линија на Жизел Бундхен или Хајди Клум, мажите имаат своја, сосема поинаква дефиниција за совршенство.

Ако некогаш сте се обиделе да ги сокриете нозете во широки панталони мислејќи дека не се доволно „тенки“, имаме новости за вас, машкиот поглед запира токму таму каде што вие најмалку очекувате.

Верувале или не, она што ние го нарекуваме „пренагласени мускули“, за нив е чист сексапил. Едно неодамнешна анкета спроведена во Велика Британија ги сруши сите митови за вретенестите нозе. Дури 80% од мажите признале дека најмногу паѓаат на заоблени и нагласени листови! Додека некои жени ги сметаат за пречка за тесни чизми, за нив тие се симбол на женственост и сила.

Машката фасцинација со нозете не застанува тука. Половина од испитаниците изјавиле дека нема ништо поелегантно од цврсти бедра, какви што имаат танчарките, атлетската грација е дефинитивно „ин“. Изненадувачки, дури 32% од мажите ги издвоиле колената како најпривлечен дел. Да, добро прочитавте, тој мал детал на кој ние речиси никогаш не му обрнуваме внимание, кај нив буди посебен интерес.

И додека некои жени со паника гледаат во своите стапала и глуждови, мажите воопшто не се толку строги. Само 10% воопшто ги забележуваат овие делови. Значи, девојки, следниот пат кога ќе помислите дека вашите глуждови не се доволно грациозни, сетете се дека шансите некој воопшто да го примети тоа се минимални.

Парадоксот е очигледен, жените најмалку ги сакаат своите стапала и листови, често обидувајќи се да ги „намалат“ или сокријат, додека мажите ги сметаат за клуч на привлечноста.

Заклучок?

Следниот пат кога ќе облечете кратко здолниште, не грижете се за тоа дали имате „манекенски нозе“. Вашите облини ја раскажуваат приказната за вашата сила и движење, а судејќи според бројките, мажите едноставно не можат да им одолеат!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk