Германија со векови е докажана како држава која негува силна страст кон оружјето и војните. Најголемите две војни, Првата и особено Втората светска војна Германија ги тераше како главен европски воен катализатор и доживеа два тешки порази со повеќе од 25 милиони жртви.
По Втората светска војна силите победнички во војната: СССР, САД, Британија и Франција (заедно со Кина) ја поделија Германија на два дела - Источна и Западна, со зони на влијание и забранија слободно производство на оружје за Германците како превентива за германската страст кон војни за сопречување следни во иднина, како и употреба на нивна војска надвор од границите на државата во било кој случај.
Во 1990 Германија веќе беше обединета, СССР ја напушти Источна Германија која како обединета Германија влезе во НАТО. Со базата Рајмштајн, Германије е еден од главните стратешки НАТО центри
Но, војната во Украина ги смени работите. Германија станува најагресивна во тезата за воена опасност од Русија, промовира дека постои реална воена закана од Москва за цела Европа во блиска иднина, вложува милијарди евра во Рајнметал, најголемата германска индустрија за производтсво на оружје и, за прв пат, нејзина војска излезе од државата и се лоцира со свој воен арсенал во балтичките држави на граница со Русија. Фактите велат дека Германија воено се приближува до руските граници, а не обратно, што е причина за чести антивоени протести во Германија како од граѓаните, така и од опозиционите партии
Уште во јули минатата 2024-та година Литванија започна изградба на воена база за германската армија на воениот полигон Руднинкај.
Воениот град, голема воена база за воени лица и цивили, за потреби на германската армија ќе овозможи во него да се сместат 80 проценти од војниците на германската бригада, 4.500 до 5.000 припадници на германската армија. Во Рукла се работи на воената база Нериес Терасас за германските војници. Постојаната логистичка зона и складиштата за муниција во Рукла ќе бидат изградени до крајот на 2025 година.
Како што е најавено, Германија има намера да распореди во Литванија тешка бригада со три маневарски баталјони и сите потребни средства, вклучувајќи единици за борбена поддршка и снабдување. 203-от тенковски баталјон од Северна Рајна-Вестфалија и 122-от моторизиран баталјон од Баварија ќе бидат префрлени во Литванија. Германија даде понуда до НАТО да ги дополни воените капацитети и да биде главен експонент на НАТО за заштита на Балтичкото море.
„Германските воени лидери се насочија кон проширување на своето влијание во операциите во Балтичкото Море, со амбиции не само да ја преземат одговорноста за источниот крило на НАТО, туку и да командуваат со сите сојузнички поморски сили во регионот.
Ова откритие дојде по вестите од септември минатата година од вицеадмиралот Јан Кристијан Как, началник на германската морнарица.
Пандорината кутија е отворена.
САД, особено по победата на Доналд Трамп, изрази скепса за новата германска воинствена власт и не дава поддршка за понатамошна милитаризација на Германија и нејзино воено ширење низ Европа. Трамп дури директно повикуваше да се гласа против воените планови на ЦДУ и СДП, а за АДф кои се спротиставуваат за милитаризација на Германија.
Но, ако САД се дистанцираат, Германија најде нов сојузник. Велика Британија која, традиционално, има вековни планови и амбиции за права за контрола над Балтичкото море и низ историјата има водено и војни против Русија за тоа подрачје.
Велика Британија и Германија се подготвуваат да потпишат сеопфатен меѓудржавен договор кој ќе содржи клаузула за меѓусебна одбранбена помош во случај на стратешка закана за која било земја, пишува Политико, повикувајќи се на пет извори запознаени со процесот.
Според информации од Лондон, текстот на договорот е во завршна фаза, а се очекува да биде потпишан на 17 јули - непосредно пред летната пауза на двата парламента.
Соработката започна минатата година

Темелите на договорот беа поставени минатото лето од тогашниот британски опозициски лидер Кир Стармер и поранешниот германски канцелар Олаф Шолц, преку заедничка декларација за соработка во областите на безбедноста и економскиот развој.
Едно од централните поглавја се однесува на одбраната и се надоврзува на Договорот од Тринити Хаус од претходната година. Според оваа одредба, секоја стратешка закана за една земја автоматски се смета за закана за друга.
Германија влегува во формални безбедносни односи со двете европски нуклеарни сили
Со вклучувањето на клаузулата за меѓусебна помош, Германија ќе има договор за одбрана со двете европски нуклеарни сили - Франција и Обединетото Кралство. Ова се совпаѓа со целта на германскиот канцелар Фридрих Мерц да ги зајакне европските капацитети за одвраќање независно од Соединетите Американски Држави.
Иако договорот ќе ја потврди посветеноста на НАТО како основа на колективната одбрана, додавањето на таква клаузула јасно го покажува зголемениот акцент на европската безбедносна соработка во контекст на повлекувањето на САД од трансатлантските одбранбени структури.
Прашања за миграција, транспорт и научна соработка

Договорот ќе содржи и поглавја за борбата против нелегалната миграција, транспортната поврзаност, истражувањето и иновациите. Се очекува да вклучи формална обврска за промовирање на прекуграничната трговија - особено чувствителна тема за британскиот премиер Стармер, кој е под притисок да ја намали и легалната и нелегалната миграција.
Конкретните аранжмани за мобилноста на младите ќе бидат дискутирани на ниво на ЕУ, бидејќи Велика Британија не успеа да постигне билатерален договор во мај кога беше објавено таканареченото „ресетирање на односите“. Берлин е меѓу земјите кои најмногу се залагаат за либерализација на правилата за пристигнување на млади луѓе во Обединетото Кралство.
Месеци преговори зад затворени врати
Според изворите на Политико, договорот Стармер-Мерк е резултат на 18 рунди преговори, од кои три се одржаа лице в лице во Берлин, а две во Лондон.
Германското Министерство за надворешни работи потврди дека договорот „ќе го опфати целиот спектар на билатерални односи“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата