logo
logo
logo

Врховен суд на Италија:

Вработените во угостителство мора да плаќаат ДАНОК НА БАКШИШ

Vecer | 03.10.2021

Вработените во угостителство мора да плаќаат ДАНОК НА БАКШИШ

Врховниот суд на Италија донесе одлука вработените во угостителството да плаќаат данок на бакшиш, што се смета за дел од приходите на работниците, поради што подлежи на оданочување.

Бакшишот се заработува врз основа на ефикасноста на работа, па затоа се пресметува како приход „врз основа на впечатокот што го остава вработениот“.

Одлуката на Врховниот суд дојде по жалбата на Агенцијата за приходи против вработената во луксузен хотел на островот Сардинија, која е обвинета за неплаќање данок, откако заработила 83.650 евра од бакшиш за една година.

Судот се потпираше на делот 51 од Законот за данок на доход, кој воведе сеопфатен поим за приходот на вработените, така што приходот повеќе не е ограничен на платата обезбедена од работодавачот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk