logo
logo
logo

Угостителите со надеж по средбата со вицепремиерот Битиќи

Vecer | 30.01.2021

Угостителите со надеж по средбата со вицепремиерот Битиќи


Од денеска може да сметаме дека ќе влијаеме и ќе учествуваме активно во сите мерки доколку има потреба да се донесуваат, велат од Независната угостителска комора (НУК).

НУК денеска го имаше првиот состанок со Владата, односно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

„Од нашите пет барања, три се исполнети, четвртото останува да се доработи, а во однос на петтото немаше договор. Месец јануари е на некој начин изгубен по однос на субвенцијата за плати, но тоа државата работи како ќе ги надокнатди во наредниот период“, вели Здравко Јосифовски од НУК.

Тој нагласи дека ќе можат да кажат дека се задоволни тогаш кога реално ќе ги добијат мерките.

„Можеме да кажеме дека првиот чекор кон доброто за угостителската индустрија сме го направиле“, вели тој.

На денешната средба договориле дека пред презентацијата на мерките кои ќе ги донесе Владата, ќе има уште една средба со Битиќи.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk