logo
logo
logo

ЗА ОВА СЕ МОЛЧИ: Се повеќе млади зависници од коцкање и обложување

Vecer | 02.10.2021

ЗА ОВА СЕ МОЛЧИ: Се повеќе млади зависници од коцкање и обложување

Педесет и три годишниот охриѓанец Мирче Крстески, буквално половина од својот живот го поминал во казина и обложувалници, во тој магичен круг од кој тешко се излегува, долговите се поголеми од сумата која што реално може да се спечали и врати за еден човечки живот, а најголем влог е токму животот.

Пред да стане пемногу доцна Крсески кој одлично знае како функционираа организирањето на игрите на среќа, формира здружението за превенција од хазардни игри, Кво Вадис, јавува Алфа ТВ.

Старосната граница се спушта, коцкањето станува порок и на деца од 13,14 годишна возраст, оти коцкарниците им се премногу достапни.

Само во Охрид има околу 53 обложувалници и казина, колку што нема образовни институции, вели тој, отворено раскажувајќи ја својата животна приказа, а ја посведочија и другите членови на здужението. Зборуваа за растурените семејни гнезда и цели семејства кои комарот ги завил во црно. Само оваа година по својот живот посегнаа двајца охриѓани.

-Се коцкав до скоро, трауми,секакви крајно е до помислување на одземње на сопствениот живот, не ти се живее повеќе ги сакаш овие околу тебе, мислиш на нив дека со тој чин ќе ги спасиш луѓево од себе си, вели Мирче Крстевски од здружение Кво Вадис.

– На луѓето им е премногу достапно коцкањето дури и децата кои се малолетници, постари малолетници доаѓаат до степен да им дадат пари на постари врсници за да се обложуваат за нив, рече Крсте Пурцов- здружение Кво Вадис .

Со сегашниот предлог за измени во закон за игри на среќа се предлага само дислокација на казината и обложувалниците од учлиштата, што според правниците е премалку, и нема да придонесе да се спречи патолошкото коцкање.

- Овие луѓе не можат да се контролираат со 20 денари влог, овие цела плата ќе ја потрошат таму, целиот имот и нивниот личен и имот на семејството и друго семејство ќе пропадне. Целта на државата не треба да живеат сопствениците на тие трговски друштва на кои им даваат лиценца затоа што тие живеат на штета на овие луѓе, вели адвокатот Љупчо Наумоски.

Коцкањето во меѓународната класификација е регистрино како болест, и додека остнататите држави само од опкружувањето како Србија и Храватска, праваат регистри на лица кои се соочуваат со овој порок, влегувањето во казина е исклучиво со лични карти, и изјава дека се коцкаат во сопствено име, при што се евидентира нивниот влез и излез, кај нас државата не превзема ништо.

Во собраниска процедура се влечат имени на законот со кои нема да се променат нешатата во општеството, коцкањето ќе го зема својот данок а инстуциите пасивни-стучната фела никој не ја анимира. пренесува АлфаТВ.

 

[embed]https://youtu.be/KxpKck_8uPE[/embed]

Младите се навлечени на казино, коцка и обложувалници

Според истражувањето од 2017 година, 13,6 проценти од учениците изјавиле дека се коцкале за пари во изминатата година, каде најчесто или 16,2 процени станува збор за кладење во спортска обложувалница, 10,8 отсто играње карти, лотарија, бинго и 4,7 проценти играње на слот машини. Овие бројки покажуваат дека младите се повеќе се навлечени на игри на среќа, коцка и казино.

Состојбата во главниот град се чини дека е многу поалармантна. На секој чекор може да сретнете кладилници и коцкарници.

Светските истражувања велат дека зависноста од коцкање никогаш не завршува добро. Резултатите од ова секогаш се катастрофални, не само за коцкарот, туку и за луѓето кои го опкружуваат. Проблемот е тоа што повеќето луѓе ја губат контролата за тоа колку пари и време потрошуваат на коцкањето. Така, тие ги игнорираат своите одговорности и стануваат слепи во врска со несаканите ефекти, а целото внимание и енергија им се посветени на коцкањето.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk