logo
logo
logo

Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра (КРГ)

Vecer | 07.12.2021

Одобрени две инвестиции за фотонапонски електрани во вкупна вредност од 116 милиони евра (КРГ)

Владата вечерва издаде соопштение во кое ги корегираше местата каде треба да се градат двете соларни електрани во вкупен износ од 116 милиони евра. Соларната електрана со јачина од 85 мегавати на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје ќе се гради во атарот на Долни Балван во општина Карбинци, а електраната на компанијата „Хер Солар Мк“ ДООЕЛ Скопје со јачина од 70 мегавати ќе се гради во општина Пехчево. Првата инвестиција е вредна 63 милиони евра, а втората 53 милиони евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk