logo
logo
logo

МИЛИЈАРЕДЕРИТЕ ИЗГУБИЈА ОГРОМНИ ПАРИ по царините на Трамп – ОВА Е СУМАТА

Vecer | 04.04.2025

МИЛИЈАРЕДЕРИТЕ ИЗГУБИЈА ОГРОМНИ ПАРИ по царините на Трамп – ОВА Е СУМАТА

Милијардерите изгубија 208 милијарди долари за еден ден по царините на Трамп

Според пресметките на Блумберг, 500-те најбогати луѓе во светот вчера изгубиле вкупно 208 милијарди долари поради падот на акциите по воведувањето царини од страна на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ова е четврти најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на индексот на милијардери на Блумберг, а воедно и најголем од врвот на пандемијата „Ковид-19“.

Најголеми загуби се забележани кај шефовите на американските технолошки гиганти. Основачот на Мета, Марк Закерберг, загуби најмногу – 17,9 милијарди долари – откако акциите на неговата компанија паднаа за 9 отсто, пишува Блумберг.

Џеф Безос изгуби 15,9 милијарди долари бидејќи акциите на Амазон исто така потонаа за 9 отсто за еден ден.

Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што вкупните загуби од годината до денес достигнаа 110 милијарди долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk