logo
logo
logo

Државна Лотарија: ЗАБЕЛЕШКИТЕ ОД РЕВИЗИЈАТА СЕ ЗА МИНАТОТО РАКОВОДСТВО

Vecer | 17.12.2025

Државна Лотарија: ЗАБЕЛЕШКИТЕ ОД РЕВИЗИЈАТА СЕ ЗА МИНАТОТО РАКОВОДСТВО

Во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на Акционерското друштво за приредување игри на среќа – Државна лотарија на Република Северна Македонија за 2024 година без притоа да се направи јасна и суштинска дистинкција помеѓу периодот на управување од страна на претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на работење под новото раководство, Државна лотарија на Република Северна Македонија најостро реагира и го доставува овој демант

Објавените наводи се неосновани тенденциозни и нецелосни бидејќи во нив свесно или несвесно не е направена временска и управувачка разграниченост помеѓу периодот во кој Друштвото било управувано од претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот во кој управувањето и одговорноста ги презема новото раководство Таквиот пристап создава погрешна слика во јавноста која доведува до манипулативно поврзување на констатации од различни временски периоди и претставува сериозно отстапување од принципите на објективно точно и одговорно информирање.

Особено нагласуваме дека новото раководство веднаш по преземањето на функцијата проактивно и транспарентно се обрати до Државниот завод за ревизија со Барање бр. 02 – 6328/1 од 12.09. 2024 година со кое иницираше целосна ревизија на финансиските извештаи и на целокупното работење на Друштвото со цел утврдување на фактичката состојба идентификација на евентуални неправилности наследени од претходното раководство и воспоставување засилен систем на финансиска дисциплина отчетност и законитост.

Во тој контекст селективното пренесување на поединечни делови од ревизорскиот извештај без јасно наведување на временската рамка и одговорното раководство претставува недозволива медиумска интерпретација која директно го нарушува угледот на Друштвото и на актуелното раководство.

Оттука бараме од медиумите кои објавиле вакви содржини веднаш да ги повлечат или коригираат неоснованите и нецелосно интерпретирани наводи и јасно да направат дистинкција помеѓу периодот на управување на

2

претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на новото раководство и да го усогласат својот текст со принципите на вистинито целосно и објективно информирање на јавноста

Во спротивно Државна лотарија на Република Северна Македонија ќе биде приморана да ги искористи сите расположливи правни средства вклучително и покренување постапки за клевета и нарушување на углед согласно важечките закони.

Новото раководство на Државна лотарија останува цврсто определена кон транспарентно законито и одговорно работење како и кон целосна соработка со сите надлежни институции но истовремено ќе реагира решително против секој обид за дезинформирање на јавноста и политички или медиумски манипулации

Со почит,

Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk