logo
logo
logo

ЛОША ВЕСТ: Тему ќе поскапува

Vecer | 17.04.2025

ЛОША ВЕСТ: Тему ќе поскапува

Кинеските онлајн продавници „Тему“ и „Шејн“ најавија дека од 25 април ќе ги зголемат цените на производите по царините воведени од САД.

Двете компании ги повикаа потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по актуелните цени, пренесе „Ројтерс“.

„Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги прилагодиме цените од 25 април“, се вели во соопштението на кинеските компании.

„Шејн“ и „Тему“ нудат производи од играчки до паметни телефони.

Нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакетите поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонг Конг.

Наредбата стапува на сила на 2 мај.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk