logo
logo
logo

Кремљ во стапица; „Не им е грижа за војната, парите се важни“

Vecer | 03.11.2022

Кремљ во стапица; „Не им е грижа за војната, парите се важни“

Москва -- Соочен со премолченото признание дека неговите закани се блеф, Владимир Путин попушти и одлучи да не започне глобална криза со храна.

Повлекувањето на Русија од договорот со кој се дозволува извоз на жито од Украина преку Црното Море се подготвуваше со недели. Русија се закани дека ќе го стори тоа по експлозијата што го потресе мостот на Крим и тоа го повтори по нападот со беспилотни летала врз нејзината црноморска флота минатата недела.

Меѓутоа, откако Русија на крајот го суспендираше договорот, стана јасно дека Москва нема план, пишува Вечерњи лист.

Кога Путин направи пресврт по консултациите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, единствените отстапки што можеше да ги побара беа „писмените гаранции“ од Киев, пишува „Гардијан“.

„Кремљ сам падна во стапица од која не знаее како да излезе“, вели аналитичарката Татјана Становаја.

Русија можеби добила приватни ветувања, вклучително и гаранции кои би можеле да и помогнат да извезува сопствени земјоделски производи. Сепак, отстапувањето на Кремљ покажува дека Путин може да биде принуден да се повлече кога ќе наиде на отпор и пркос.

„Знае да се повлече ако треба“, посочува Становаја.

Соочена со украинска контраофанзива, Русија лансираше стотици проектили кон украинските електрани и друга клучна инфраструктура во последните неколку недели, со цел да ги потоне украинските градови во темнина и студ и на тој начин да се закани со хуманитарна криза.

Западните власти беа загрижени од заканите на Русија дека ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање, вклучително и тактичкото нуклеарно оружје, за да ја обезбеди територијата што незаконски ја анектираше.

Украинските власти велат дека пресвртот на Кремљ е важна лекција за Западот за пркосење на рускиот лидер. „Рускиот уценувач е инфериорен во однос на оние кои се посилни и знаат јасно да го искажат својот став“, изјави Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател.

Во овој случај, дејствијата на Русија, исто така, се заканија да ги налутат официјалните лица во Африка и на Блискиот Исток, на кои Путин се обиде да дипломатски да им ги приклони.

Во најавата за обновување на договорот во средата, Ердоган рече дека следните пратки на украински земјоделски производи се наменети за Сомалија, Џибути и Судан.

Имено, Ердоган имаше водечка улога и во размената на затвореници во која Русија ги ослободи клучните украински команданти од железарницата Азовстал во Мариупол.

Како што Русија станува се поизолирана, дипломатски и економски, влијанието на Турција очигледно расте.

„Спомнав дека Анкара може да го има последниот збор овде, но не очекував дека ќе има такво влијание врз Путин. Навистина се прашувам која е тајната на Ердоган“, вели Андреј Сизов, шеф на SovEcon, компанија за истражување на земјоделскиот пазар. Дома, договорот за жито предизвика гнев кај оние кои ја поттикнуваат војната, кои ги отфрлија „писмените гаранции“ и, во некои случаи, ја обвинија владата дека ги распродава своите војници.

„Не им е грижа за оваа војна. Парите се важни. Така мислат политичарите“, напишаа администраторите на популарниот канал Телеграм кој собира средства и опрема за руската армија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk