logo
logo
logo

Ковачевски најави реструктуирање и изнаоѓање стратешки инвеститори за „Еурокомпозит“

Vecer | 21.03.2022

Ковачевски најави реструктуирање и изнаоѓање стратешки инвеститори за „Еурокомпозит“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Прилеп најави дека за „Еурокомпозит“ ќе се бараат инвеститори и оти фабриката ќе се реструктуира. Како што истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Витаминка“, штом ќе има резултати во однос на изнаоѓањето инвеститор, веднаш ќе бидат информирани вработените, менаџментот и граѓаните на Прилеп каде е лоцирана компанијата. Засега, истакна Ковачевски, државата го помага работењето на „Еурокомпозит“. -Има договор за производство со одредени добавувачи. Владата прави анализи и тие беа разгледани од Комисијата за економски систем. Согласно процедурите, ќе се влезе во процес на реструктуирање и изнаоѓање стратешки инвеститори. Тоа ќе зависи од инвеститорите, нивните планови и производството, рече Ковачевски.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk