logo
logo
logo

КАКОВ КРАХ! Биткоин изгуби дури 50% од вредноста од ноември: Каде е дното?

Vecer | 23.01.2022

КАКОВ КРАХ! Биткоин изгуби дури 50% од вредноста од ноември: Каде е дното?

Најголемата дигитална валута во светот, Биткоин, падна на околу 34.000 долари во саботата. Ова е извонреден пад од не толку далечниот врв во ноември минатата година кога вредноста на еден биткоин беше околу 69.000 долари. Значи, над 50% од вредноста исчезна од тогаш!

Многумина се надеваа, и за тоа интензивно се пишуваше, дека БТК ќе достигне огромна вредност од 100.000 долари за 1 БТК до крајот на 2021 година.

Но, тоа не се случи и 2022 година започна многу песимистички, а во последните денови имаме значително тонење на целиот крипто-свет.

Буквално сите големи играчи се во голем пад - Солана, Кардано, Етереум.

„Ликвидацијата на маргиналните позиции предизвика бран дополнителен притисок врз продажбата бидејќи средствата што се чуваат како колатерал беа насилно продадени за да се платат маргиналните заеми“, изјави за Bloomberg Хајден Хјуз, извршен директор на Alpha Impact во Сингапур.

Овој експерт очекува дека на криптовалутите ќе им треба „некое време“ за да формираат дното и да ја вратат довербата.

Значи уште не е „допрено дното“?

Веројатно.

Не би било изненадувачки што БТК оди под 30K бидејќи притисокот е многу висок и многумина продаваат во страв и паника.

Се разбира, црвените бројки оваа недела беа дополнително поттикнати од веста дека Русија се подготвува за целосна забрана на криптовалутите.

Извори: ft.com Вашингтон пост CNN

Фото: фрикпик

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk