logo
logo
logo

Халк банка и Триглав осигурување – живот со ексклузивна заедничка соработка во животното осигурување

Vecer | 05.05.2021

Халк банка и Триглав осигурување – живот со ексклузивна заедничка соработка во животното осигурување

Халк банка АД Скопје и Триглав осигурување – живот АД Скопје потпишаа договор за соработка во делот на животно осигурување, со кој е дефинирана заедничка ексклузивна соработка. Овој партнерски договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување, но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на банката.

Во доменот на неживотното осигурување банката и понатаму ќе ги нуди производите на Халк осигурување АД, а со оваа нова соработка секој клиент на банката ќе може на брз и едноставен начин и со врвно понудена услуга и услови, да дојде до полиса за осигурување согласно своите потреби и можности.

Халк банка АД Скопје оваа година го слави својот јубилеј – 10 години на македонскиот пазар. Благодарение на начинот на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење банката стана една од четирите најголеми банки во земјава, во категоријата системски значајни банки, а со тоа и најбрзо растечката банка во Северна Македонија.

Триглав осигурување – живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години а изминатата ја одбележа со најголем раст на премијата за животно осигурување на пазарот, но и со нов препознатлив пристап со кој на клиентите им понуди нови и прилагодени производи со сеопфатни покритија, но и уникатно корисничко искуство типично за една од водечките групации во Југоисточна Европа.

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk