Gulf Oil Македонија непречено и неограничено ги снабдува граѓаните со нафта и нафтени деривати.
И покрај новонастанатата ситуација и неизвесноста на меѓународен план бензинските на Gulf oil во државата, продолжуваат со редовно и неограничено снабдување на граѓаните и коминтентите со гориво.
Во нашите складови има доволни количини на нафта и нафтени деривати за да ги задоволиме потребите на пазарот.
Сите бензински станици на Gulf oil во Северна Македонија продолжуваат со континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со гориво со врвен квалитет според највисоките европски и светски стандарди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата