logo
logo
logo

Русија ќе инвестира над МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ во развојот на Куба

Vecer | 10.05.2025

Русија ќе инвестира над МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ во развојот на Куба

Русија вчера објави дека до 2030 година ќе инвестира повеќе од една милијарда долари во развојот на Куба, нејзиниот долгорочен политички сојузник.

Москва веќе претходно објави план за помош на Куба, но сега за прв пат ја прецизира сумата, објави Ројтерс.

Планирани се инвестиции во клучни сектори, како што се производството на електрична енергија, земјоделството и јавното осветлување.

Рускиот вицепремиер Дмитриј Чернишенко изјави дека руските компании и бизнисмени изразиле подготвеност да инвестираат повеќе од една милијарда долари во кубанската економија, која се соочува со тешкотии.

Соопштението беше дадено по средбата меѓу кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел и рускиот лидер Владимир Путин во Кремљ.

Во текот на децениите, Русија ѝ обезбедуваше на Куба финансиска и материјална помош, вклучувајќи нафта, инвестиции во инфраструктура, а неодамна и организираше доаѓање на руски туристи во таа земја.

За време на посетата на Русија, Дијаз Канел ќе присуствува и на одбележувањето на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk