logo
logo
logo

Цените на недвижностите ПОЧНАА ДА ПАЃААТ НИЗ СВЕТОТ, како е ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 25.01.2023

Цените на недвижностите ПОЧНАА ДА ПАЃААТ НИЗ СВЕТОТ, како е ВО МАКЕДОНИЈА

Растот на цените и нестабилноста ги одбележаа пазарите на недвижности ширум светот во текот на 2022 година. И додека многумина се прашуваат кога ќе започне заладувањето на пазарот, се чини дека тоа веќе започна во Европа и Америка. Одредени функционери сега најавуваат посилен пад, прво на пазарот за изнајмување, а тоа може да има натамошен епилог на целиот пазар.

Вистината е дека се додека има побарувачка, а се додека е поголема во однос на понудата, треба да очекуваме пораст на цените. Во последно време овој однос во многу земји, вклучително и во Македонија, го разнишаа повисоките цени на станбените кредити. Факт е и дека инфлацијата го зеде својот данок на градежната индустрија, дека полека почнува ладењето и дека се повеќе граѓани се воздржуваат од инвестирање. Сепак, тоа не е однесување и правило, и се е работа од земја до земја.

Џенет Јелен, министерката за финансии на САД, вчера беше многу конкретна. Таа најави заладување на пазарот со многу конкретни зборови и реченица дека се очекува пад на цените на недвижностите во следните 6 месеци.

„Цените на имотот за изнајмување ќе паднат во следните шест месеци, што исто така би придонело за општото подобрување на ситуацијата“, рече американскиот министер за финансии, велејќи дека силните пазари на труд и напредокот во ограничувањето на инфлацијата се показатели кои „влеваат голема надеж“.

Од друга страна, експертите и аналитичарите сметаат дека европскиот пазар на недвижности минува низ многу лош и турбулентен период. Вредноста на недвижностите драстично се зголеми во последните и претходните години, а сега заладувањето се забележува во се повеќе земји. Цената на квадрат во некои земји паднала во просек за 15 отсто. Како што изгледа засега, најмногу во Шведска.

Шведска

Падот на вредноста на имотот веќе стигна и во Шведска. Шведска моментално се соочува со еден од најлошите падови кога станува збор за недвижностите, а тој пад се заканува да се продлабочи уште повеќе. Цените на куќите веќе се пониски за 12 отсто, а проценките се дека овој процент би можел да надмине и над 20 отсто. Експертите велат дека пазарот на недвижности во Шведска минува низ „драматични промени“.

Грција

Иако Грција се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации, цените на недвижностите не се толку високи во споредба со другите земји во Европа. Куќите со плац започнуваат од 55.000 евра, додека становите се наоѓаат за 39.000 евра, па дури и помалку. Грчкиот пазар на недвижности се вели дека е стабилен и во моментов нема проценки дека може да има значителни промени.

Франција

Франција е уште една земја во Европа каде вредноста на недвижностите падна. Половина од 35-те најголеми градови во Франција забележаа пад на цените во просек од 3 отсто во споредба со последните три месеци.

Обединето Кралство

Кога зборуваме за Велика Британија, ситуацијата е многу слична со онаа во другите земји во Европа, иако падот на вредноста е процентуално помал отколку во Франција. Просечната цена на домовите во државата падна за 2,3 отсто минатиот месец, што е најбрза стапка во последните 14 години, додека кириите се зголемија.

Македонија

Во последните два квартала има стагнирање на цените на недвижностите, што се припишува на зголемената инфлација и на намалената побарувачка.

Инфлацијата дивее, на пазарот има зголемен број непродадени станови, а цените растат. Пописот покажа дека една третина од вкупно 839.174 станови се празни, односно вселени се 63,4% или 531.987, додека останатите 36,6 отсто или 307.187 станови се празни. Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10.865 или над 40 проценти од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17.771 стан.

Србија

Кога станува збор за Србија, трендот на раст на цените на недвижностите се задржа и во текот на минатата година, а како што стојат работите во моментов, постои можност сличен тренд да продолжи и оваа година. Најголеми поскапувања се бележат во Белград, што се очекува. Во ноември 2022 година се издадени 2.782 одобренија за градење, што претставува намалување од 16,6% во однос на истиот период од претходната година.

Црна Гора

Цените на недвижностите кај соседите продолжуваат да растат. Во Црна Гора цената на метар квадратен поскапе за 40 отсто. Квадратниот метар станови и станови во Подгорица започнува од 1.600 евра, најмногу до околу 2.000. На море цената за квадрат поскапе за повеќе од 40 отсто - гарсоњера од 35 квадрати во просек чини 250.000 евра. Оценката е дека во Црна Гора се уште стојат цените.

Хрватска

Пандемијата на корона вирусот, а потоа и војната во Украина и енергетската криза, запреа многу работи во Хрватска, но не и пазарот на недвижности. До пред три месеци пазарот на недвижности во Хрватска не само што беше активен, туку и цените на недвижностите вртоглаво пораснаа. Со други зборови, евидентирани се рекордни цени на недвижностите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk